Можеби не најмоќна, но сигурно една од најмоќните изведби на Yugo дело на вљубеник во овој автомобил извозе шест кругови на легендарната патека Нирбургринг.
Со мотор од 1.320 кубика и со 123 КС овој автомобил одлично се снајде на патеката, а како изгледаше возењето можете да погледнете на видеото погоре.
Инаку производството на овој легендарен модел започна на 2 јули 1977 година во фабриката на Застава во Крагујевац. Истиот овој модел се базира на Fiat 127 развиен и дизајниран од легендарниот Џорџето Џуџаро.
Најмоќната продукциска верзија била опремена со 1.3 литарски бензински мотор, а достапен бил со четири и пет брзинска трансмисија. Се до 11 ноември 2008 година произведени се вкупно 141.651 примерок на овој автомобил, а додека за едни е најужасниот автомобил во историјата, за други е вистинско совршенство.