Jапонскиот прозиводител Toyota, на својот официјален YouTube канел ја претстави најновата видео реклама за моделот Supra.
Именувана како “Wizard” оваа реклама ја претставува агилноста на овој спортски автомобил кој изобилува со адреналин, благодарение на супер спортските перформанси кои и не сме навикнати да ги гледаме кај автомобилите на Toyota.
Новата Supra е развиена заедно во соработка со германскиот производител BMW па оттука и производството ќе се одвива во Грац, австриската фабрика на BMW. За разлика од претходните генерации, оваа има 50-50 дистрибуција на тежината што гарантира бројни возбудливи и адреналински перформанси.
Под хаубата се наоѓа 3.0 литарски шестцилиндрен мотор со 250 kW односно 340 КС и 500 Nm. Овој мотор доаѓа во комбинација со 8 степен автоматски менувач, а со ваквите технички карактеристики до 100-ка забрзува за 4,3 секунди додека пак максималната брзина е ограничена на 250 км/ч.
Повеќе за најновиот спортски модел на јапонскиот призводител прикажан минатиот месец прочитајте ТУКА.