Според весникот „Фајненшл тајмс“, германскиот автомобилски гигант Volkswagen ги стопирал своите планови за производство во Источна Европа во корист на изградба на фабрика во Северна Америка.
Компанијата очекува да добие субвенции од девет до десет милијарди евра за проектот во Северна Америка. Сепак, VW го чека одговорот на Европа на американскиот Закон за олеснување на инфлацијата (IRA) од 369 милијарди долари, пред да продолжи со плановите во регионот, објави ФТ, цитирајќи извори од компанијата.
Минатата недела, членот на управниот одбор на Volkswagen, Томас Шмал, предупреди на LinkedIn дека Европа е во опасност да ја загуби „трката за милијарди евра инвестиции за кои (компаниите) ќе одлучуваат во наредните месеци и години“ поради атрактивните услови на ИРА .
Под водство на извршниот директор Херберт Дис, VW во март 2021 година објави дека ќе изгради шест гигафабрики во Европа. Унгарија, Полска, Словачка и Чешка се натпреваруваа за објектот, кој треба да биде отворен во 2027 година. Минатиот октомври компанијата изјави дека ќе донесе одлука за локацијата до средината на 2023 година.