Втор живот за батериите на електромобилите на Skoda

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Sakoda Auto објави нова иницијатива, која ќе даде втор живот за елементите на батеријата вградени во електричните и хибридните модели на полнење, кои брендот ги нуди на пазарот.

Новиот проект, развиен согласно со IBG Cesko, предвидува вградување на користените батерии во складиштата за енергија на територијата на продажните центри на брендот, а електричната енергија од нив ќе биде користена за веќе изградената структура за полнење.

Новата иницијатива ветува реализирање на една одржлива инфраструктура за полнење, која ќе биде користена како што е наменета за полнење на батериските модули на електричните автомобили, така и како сериозна предност на продажните центри, кои ќе можат да ја користат акумулираната енергија за потребите на своите осветлувачки и климатски системи.

Од Skoda Auto споделуваат дека после пилот тест програмата во Прага, новата иницијатива била понудена на дилерските претставништва на брендот и до овој момент од брендот отчитуваат 160 нарачки од центрите на компанијата во Чешка, Германија, Холандија и Словачка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK