Возилата на BMW, Ford и PSA ќе комуницираат меѓусебно на патиштата

ОБЈАВЕНО НА:

Развојот на технологијата дава нови можности и во светот на автомобилите,  а една таква можност е искористена од страна на три компании за комуникација меѓу нивните возила. Новитетите во технологијата ќе дозволат размена на информации меѓу автомобилите, а со тоа ќе се направи чекор плус на светскиот пазар за масовизација на електромобилите и автономните возила.

Технологијата го доби името V2X (Vehicle To Everything) и изработена од страна на неколку софтверски и комуникациски компании, а во последните години во натпреварот се вклучија и автомобилски гиганти. Пред две години Audi, BMW и Daimler направија сојуз со Ericsson, Huawei и Qualcomm, за да создадат 5G Automotive Association или 5GAA.

Во Париз 5GAA ги демонстрираше првите резултати од работата заедно со помошта на Ford и PSA. Накусо, автомобилите на различни брендови веќе можат лесно да комуницираат меѓусебе, дури и на места каде мобилните телефони немаат покриеност.

Кога V2X ќе стане масовно, технологијата ќе им дозволува на автомобилите да се предупредуваат еден со друг дека се наближуваат, да комуницираат со сообраќајните знаци дури и со мобилните уреди кои се наоѓаат во близина на пешачките премини.

Целта на 5GAA е да покаже, дека со помошта на V2X сообраќајот станува побезбеден и поефективен.

Тестовите биле спроведени со електрични скутери на BMW, како и со лесни возила на Ford, PSA и BMW. Сите автомобили биле опремени со чипови Qualcomm 9150 C-V2X, додека софтверот за управување на системот доаѓа од Savari.

Се најавува дека V2X ќе се појави на пазарот во 2020 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK