Tesla виа Кина доаѓаат во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Она што како шпекулација се појави во август годинава сега добива и официјална потврда – Tesla автомобилите произведени во Кина ќе ги извезува во Европа, потврдуваат од компанијата.

Како што најавуваат оттаму, автомобилите кои се произведуваат во фабриката во Шангај ќе бидат извезувани и во десет европски земји меѓу кои и во Германија, Франција, Италија и Швајцарија.

Извозот е неопходен со цел да се одговори на побарувачката и истиот ќе биде активен се додека не започне да функционира фабриката која американскиот производител ја гради во близина на германската престолнина Берлин.

Засега извозот е планиран за моделот 3 кој е единствен на Tesla кој во моментов се произведува во Кина. Кога ќе започне производството на моделот Y и тој ќе започне да се извезува на европскиот пазар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK