Со 1.000 КС: На 9 септември доаѓа сериската верзија на Lucid Air

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Lucid Motors формиран во 2007 година пред три години го претстави концептниот модел Air кој го најави како конкурент на електричните автомобили на Tesla.

Сега и официјално соопшти дека сериската верзија на овој електричен автомобил ќе биде претставен на 9 септември годинава.

Овој датум доаѓа откако првичната премиера беше закажана за април годинава, но поради пандемијата на коронавирусот беше одложен саемот во Њујорк, а со тоа и промоцијата.

Lucid Air

За почеток Lucid Air ќе биде опремен со два електро мотори, еден на предните тркала и еден на задните, со вкупна сила од речиси 1.000 КС. Купувачите ќе имаат избор на батерија од 100 kWh или 130 kWh, што би требало да овозможи досег од 400 милји.

Lucid Air

Цената на базната верзија во САД би требало да чини 52.500 американски долари, а во продажба чќе се појави кон крајот на оваа, но не подоцна на првиот квартал следната година. Во Европа ќе пристигне кон крајот на следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK