Првиот целосно електричен Rolls-Royce доаѓа до 2030 година

ОБЈАВЕНО НА:

Додека се работи на електрификацијата, овој производител ќе претстави неколку хибридни модели.

Целосно електричниот Rolls-Royce ќе биде лансиран најдоцна до 2030 година. Со ова и дефинитивно се потврдува дека овој луксузен производител ќе лансира целосно електричен модел.

Засега не се знае никакви детали бидејќи развојот е на самиот почеток, а со оглед на тоа што до крајниот рок за лансирање има уште 10 години, не може да се шпекулира ниту за какви перформанси би имал истиот.

Само за потсетување, британскиот производител уште во 2011 година најавуваше електричен модел. Тогаш тој концепт го носеше називот 102EX и имаше домет од 200 км со мотор со моќност од 390 КС.

Во меѓувреме, додека се работи на електрификацијата, овој производител ќе претстави неколку хибридни модели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK