Примаат нарачки, ама… Volvo го распродаде електричниот XC40 Recharge (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Volvo објавија дека почналe со проиводство на целосно електричното XC40 Recharge во фабриката во Гент. Споделуваат дека иако и понатаму се примаат нарачки сите автомобили предвидени за правење годинава веќе се распродадени, а првите доставувања до клиентите се очекуваат во втората половина од октомври.

„Ова е многу важен момент за Volvo Cars и сите работници во Гент. Продолжувајќи дa ја електрифицираме нашата понуда, комплексот во Гент е вистински водач на нашата глобална производствена мрежа“, вели Фаиера Варела, директор на делот за глобални индустриски операции и квалитет.

Volvo XC40 Recharge е првиот од неколкуте целосно електрични пазарни предлози, кои Volvo Ќе ги понуди на пазарот и ќе биде основен елемент за реализација на планот на брендот за намалување на CO2 отпечатокот на компанијата со 40% до 2025 година. Во истата година од Volvo очекуваат целосно електрични автомобили да формираат 50% од вкупната реализација, а другите да бидат хибриди.

Со 100% електричен погон, XC40 Recharge им ветува на идните сопственици моќност од 408 коњски сили и слободно движење од над 400 километри (WLTP стандард).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK