Позната цената на кинескиот Aiways U5 во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Се чини дека кинескиот Aiways е првиот автомобилски бренд од Кина кој започна со освојување на европскиот пазар. Како што најави пред две години, овој производител започнува со продажбата на европскиот пазар.

Првата земја во која во слободна продажба ќе се најдат автомобилите од овој бренд е Германија. Таму во октомври дистрибутерот Euronics ќе започне со продажба на моделот Aiways U5 и тоа по цена од 28.510 евра за основната верзија.

Во рамките на оваа цена е и државната субвенција во износ од 9.480 евра, а без истата цената на овој модел изнесува 37.990 евра што е за 7 илјади евра помалку од Tesla Model Y.

Што се однесува до техничките карактеристики, овој кинески кросовер е со должина од 4.680 мм. Има капацитет на багажникот од 432 литри што може да се зголеми до 1.555 литри со спуштање на задните седишта. Во однос на моторот истиот е со моќност од 188 КС. Батеријата од 63 kWh се полни 30-тина минути до 80%.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK