Ако се сака повеќе возила на улиците: Секоја бензинска станица ќе мора да има полнач за електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Секоја бензинска станица во Германија ќе мора да има и полнач за електрична возила. Ова е дел од планот на германската Влада со кој сака да го поттикне користењето на електрични возила со крајна цел намалување на штетните издувни гасови.

Реализацијата на најновиот план ќе ја чини Владата 130 милијарди евра, а значителен дел од овие финансиски средства ќе бидат наменети за субвенции за купување електрични возила.

Во мај годинава во Германија само 3,3% од новорегистрираните автомобили биле електрични што е мал пораст во споредба со истиот месец минатата година. Најголема причина за сеуште малата продажба е токму недоовлниот број на полначи.

Инаку минатата година канцеларката Ангела Меркел постави цел да до 2030 година во земјата има поставено еден милион полначи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK