Возат Tesla – сакаат да бидат BMW!

ОБЈАВЕНО НА:

Никој не може да ги сфати оние што возат еден автомобил, а потоа се обидуваат да го „преработат, доработат, префарбаат“ во нешто друго. Сега на интернет се појавија снимки на Tesla Model 3 каде предниот дел всушност личи на BMW. Електромобилот се движи во патиштата во Исланд, и таму веќе го нарекуваат Tesla 3-Series.

Снимката се појави од корисник на Twitter под вседонимот Nafnlaus. Тој тврди дека возилото е вистинско и често го гледаат локалните жители. Но не е утврдено дали се вистински „бубрези“ или пак истите се нацртани и се само имитација, во во секој случај електричното возило изгледа необично и обичните лаици сигурно ќе се зачудат за каков модел се работи.

Седанот на Tesla Model 3 Standard Range Plus во Исланд чини 36.000 евро. Опремен е со 50 киловатна батерија и може да мине 409 км. според WLT циклусот со едно полнење. Tesla продаде 111.728 електрични автомобили во Европа минатата година. Од нив 95.000 Model 3.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK