Американскиот дел на Volvo објави дека компанијaта продолжува да ја шири својата понуда на дoполнителни услуги за сопствениците на автомобили од брендот.
Новиот предлог на Volvo Car USA се нарекува Tow for Life и функционира со скоро воведените програми Volvo Car Accident Advisor и Volvo Lifetime Replacement Parts & Labor Warranty, и предвидува бесплатна патна помош со превезување до најблискиот сервисен центар на компанијата за сите претставници на брендот, без значење од годината на нивното производство.
“Tow for Life гарантира, дека при дефект помошта секогаш е подготвена независно од годината на производство на автомобилот“, вели Скот Дуринг, директор на делот за оплужување на клиенти на Volvo Cars USA.