Vоlvо има ново лого

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Vоlvо е новиот автомобилски производител кој го смени логото во текот на оваа година откако порано тоа го направија и Pеugеоt, Rеnаult, Dасiа, Vоlkswаgеn, Kiа и други.

Слично на нив брендот се залага за нов идентитет со минималистички дизајн.

Новото лого ја задржува истата севкупна форма, но со појасен 2D дизaјн и целосно црна боја. Натписот Volvo одново се наоѓа во центарот на логото, но под него веќе не се открива сината позадина, како што беше случај со старото лого на Швеѓаните.

Според информацијата од Пол Тан, Vоlvо ќе продолжи да го користи постоечкиот амблем кај автомобилите и во 2022 година, а новото лого ќе почне да го користи поактивно во 2023 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK