Volkswagen ID. Buzz Cargo е комбе на годината за 2023

ОБЈАВЕНО НА:

Целосно новиот концепт на лесно комерцијално возило на Volkswagen во ID. Buzz Cargo беше прогласен за меѓународно комбе на годината за 2023 година (IVOTY).

На специјалната церемонија на доделување награди во конференцискиот центар H’Up на прес-денот на IAA Transportation во Хановер, Германија, на д-р Карстен Интра, извршен директор, Volkswagen Commercial Vehicles (VWCV) му беше врачен трофејот IVOTY 2023 од Џарлат Свини, претседател, IVOTY.

Во жирито има 24 члена од експертска новинарска комисија колективно му додели на новиот Volkswagen 110 поени. Зад него останаа Ford Pro E-Transit. Renault Kangoo E-Tech Van, Nissan Townstar Zero-Emission и Mercedes-Benz eCitan. Случајно, трите позиции на подиумот беа пополнети со комбиња на електричен погон.

Верзиите со внатрешно согорување на Renault Kangoo Van и Mercedes-Benz eCitan ја освоија минатогодишната награда IVOTY 2022.

Џарлат Свини, претседател, IVOTY изјави: „Не е често сосема нов концепт на комбе да се појави и веднаш да влезе на пазарот. Новиот ID Buzz е таков случај, и е соодветно почестен со оваа награда, највисокото признание во индустријата за лесни комерцијални возила. Му честитаме на дизајнерскиот тим на Volkswagen за комерцијални возила за создавањето на ова уникатно возило кое е совршено за еколошки свесната урбана средина. Има футуристички и мазен стил, но сепак се навраќа на оригиналниот Transporter T1, од пред 70 години, со хаубата во форма на V, истакната значка VW.

Сега во својата 31-ва година, главниот критериум за Меѓународната награда за комбе на годината е придонесот на возилата во ефикасноста, безбедноста, одржливоста и еколошките стандарди на секторот за лесни комерцијални возила.

За да се квалификува за изборот, возилото мора да биде ново, во сериско производство до крајот на годината за која ја добива наградата и да претставува значајна технолошка иновација.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK