четврток, 26 март, 2026 година

Volkswagen го покажа новиот ID. Cross на улиците во Амстердам – доаѓа есенва

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Volkswagen даде прв јавен „тизер“ за ID. Cross – нов електричен компактен SUV што ќе се продава во Европа од есен 2026. Моделот е петoсед, со стартна цена околу 28.000 евра, три нивоа на моќност и две батерии, а во Амстердам се појави во впечатлива камуфлажа.

Volkswagen го најави ID. Cross како следен важен модел во електричната офанзива и му даде прв јавен настап на улиците во Амстердам, каде што прототипот се движи со впечатлива камуфлажна фолија. Компанијата потврди дека ID. Cross ќе се лансира на европскиот пазар од есен 2026, со стартна цена околу 28.000 евра, позиционирајќи го како „достапен“ влез во светот на електричните SUV возила.

- Advertisement -

Според Volkswagen, ID. Cross е петoсед и е насочен кон купувачи што бараат електрична мобилност за секој ден, но без да влезат во повисоките ценовни класи. Во исто време, брендот нагласува дека моделот треба да понуди „висококвалитетен впечаток“, со материјали и изработка што се ориентирани кон класа над сегментот во кој се позиционира.

Дизајнерски, ID. Cross го воведува новиот „Pure Positive“ Volkswagen стил – чисти линии, балансирани пропорции и смирен, самоуверен изглед, без агресија, но со јасен став. И во кабината се најавува истиот пристап: јасна, „мирна“ атмосфера со интуитивни функции и копчиња, плус големи екрани кои треба да го заокружат модерниот впечаток.

Кај техниката, Volkswagen открива дека ID. Cross ќе биде „флексибилно позициониран“ со три нивоа на моќност – 85 kW, 99 kW и 155 kW, комбинирани со две батерии: 37 kWh и 52 kWh (нето). Поентата е да се покријат различни профили на користење – од претежно градско возење, до почести патувања надвор од град.

Во делот на полнењето, Volkswagen наведува DC брзо полнење до 90 kW, а со поголемата батерија до 105 kW. Компанијата додава дека модерните асистент-системи треба да придонесат за комфор и повисоко ниво на безбедност при секојдневно користење.

Volkswagen го опишува ID. Cross како near-production concept car и нагласува дека моделот сè уште не е понуден за продажба, што значи дека дел од деталите може да бидат финализирани поблиску до лансирањето.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја