Volkswagen го обнови Multivan Transporter (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Четири години после дебито на шестата генерација на микробус возилата, Volkswagen претрпе модернизација. Прва од семејството Т6 новиот изглед го покажа патничката модификација Multivan.

Германците сметаа дека е премногу скапо да ги сменат панелите на каросеријата, која останала практично иста. Сепак, изгледот на предниот дел од возилото е сериозен. Нови се ладилникот, фаровите и браникот, а на предните браници веќе има и ефектни трепкачи.

Лесни измени се направени и на стоп светлата. Multivan веќе се нуди со нови тркала и со голема палета на бои. Измените во внатрешниот дел се повеќе. Нови се воланот, контролната табла и браниците на вратите.

Дигиталниот панел е достапен со 10,25 виртуелен дигитален панел. Основната мултимедија има 6,5-инчен екран, а како опција се нудат и помодерни варијанти со гласовна контрола и 8,0- или 9,2-инчен дисплеј.

Дволитарскиот турбодизел трпи мали промени. Моќноста на основната верзија се зголемува од 84 на 90 коњски сили, а место двете варијанти со 102 и 114 коњски сили веќе се нуди само една верзија со 110. Другите модификации со 150 и 200 коњски сили остануваат непроменети.

Роботизираната трансмисија со две спојки DSG ќе биде достапна само за моќните верзии. Тие исто така може да се нарачааат со двоен пренос 4Motion.

Меѓу другите промени во механиката вреди да се споменат и серво-управувалот на воланот кој ја заменува хидрауликата и системот Cross Wind Assist, компензирајќи ги страничните налети на ветерот. Со дополнително плаќање можат да се нарачаат и систем за контрола на движење во лента, автоматско паркирање и друго.

Продажбите на обновениот Multivan почнуваат наесен, а пред тоа Volkswagen ќе ги претставни основните верзии Transporter и Caravelle.

Во семејството на T6.1 ќе се појави и електричен автобус развиен од тјунинг ателјето ABT. Тој ќе биде со моќност од 112 коњски сили и додека капацитетот на батеријата ќе биде 38,8 или 77,6 кВтч и ќе може да поминува до 400 км со едно полнење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK