Во Виена поставена 1.000 jaвна станица за полнење електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

На секои 400 метри во градот има по еден полнач

Во 2017 година градската управа на Виена започна со проектот за поставување на јавни станици за полнење на електрични станици. Сега, по четири години се одбележува голем јубилеј од илјада поставени јавни станици за полнење.

Посветеноста на Виена во потпомогнување на електрификацијата се гледа и во статистичкиот факт дека во просек, на секои 400 метри во градот има по еден полнач. За изградба и стопанисување на целокупната јавна инфраструктура е задолжена компанијата Wien Energie која е во целосна сопственост на градот Виена.

Компанијата претходно го лансираше и интернет сајтот www.wienenergie.at преку кои може да се пристапи до сите потребни информаци иза овие станици за полнење, но и за е-мобилноста.

Со овие илјада станици, вкупниот број на станици за полнење изнесува 1.850 станици, а на сите овие секојдневно се полнат над 12 илјади електрични автомобили кои во моментов се регистрирани во главниот град на Австрија.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK