Која општина во Скопје има најмногу патнички автомобили? Овој податок ни го открива Државниот Завод за статистика кој за 2018 година ги објави податоците околу бројката на регистрирани автомобили во Скопје.
Најмногу автомобили се регистрирани во Општина Центар и тоа 23.414 автомобили. На втората позиција се наоѓа Општина Аеродром со 22.876 регистрирани автомобили. На третата позиција се наоѓа Општина Карпош со регистрирани 21.324 автомобили.
Најмалку регистрирани автомобили има во Арачиново и тоа 1.602 автомобили, а потоа следи Шуто Оризари со 2.568 и општина Сарај со 6.527 автомобили.
# | Општина | Бр. регистрирани возила (2018) |
1 | Центар | 23.414 |
2 | Аеродром | 22.876 |
3 | Карпош | 21.324 |
4 | Гази Баба | 19.739 |
5 | Кисела Вода | 18.538 |
6 | Бутел | 11.710 |
7 | Ѓорче Петров | 11.652 |
8 | Чаир | 11.135 |
9 | Сарај | 6.527 |
10 | Шуто Оризари | 2.568 |
11 | Арачиново | 1.602 |
ВКУПНО | 149.483 |
Според Државниот Завод за статистика, минатата година на територијата на градот Скопје биле регистрирани вкупно 149.483 автомобил. При тоа на бензин се 82.650 возила додека дизел користат 64.671 возило. Само 2.096 возила од вкупно регистрираните во 2018 година биле на гас-бензин.
Сепак треба да се напомене дека вкупниот број на автомобили е поголем и тоа токму за оние нерегистрираните што се користат секојдневно на територијата на градот Скопје.