Во Општина Центар – За погрешно паркирање казната стигнува на домашна адреса

ОБЈАВЕНО НА:

Во иднина ако решите да се паркирате на место не кое не е дозволено во Општина Центар нема да добиете белешка на стаклото – казната ќе ви стигне на домашна адреса. На улицата „Орце Николов“ ќе има и камери кои ќе го снимаат паркирањето.

Според пишувањето на порталот www.sdk.mk, камерите се дел од системот и проектот за смарт сити. На оваа улица, ќе нема вработени кои ќе пишуваат казни туку камерите ќе снимаат и ќе ги пропознаваат возилата кои не се резидентни, односно не смеат да се паркираат долж „Орце Николов“

Камерите ќе ги снимаат паркинг местата и истите ќе праќаат информации до системот дали паркинг местата се слободни или полни. Системот ги препознава и регистарските таблички со што ќе се знае дали возилата имаат дозвола да се паркираат во тој регион. Казната ќе се испраќа по пошта на домашна адреса.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK