Сабота е ден кога многумина излегуваат со семeјsтвото или пријателите, па забораваат дека треба да внимаваат на количеството алкохол или на пристискањето на педалот на гаста. Полицијата веќе со месеци врши засилени контроли на патиштата, но и покрај тоа некои возачи забораваат, па потоа добиваат казни.
Во текот на вчерашната вечер (сабота/недела) во периодот од 22 до 4 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македонија, при што санкционирани се 141 возач. Од нив, 30 на територијата на СВР Битола, 20 на територијата на СВР Штип, 24 во Скопје…. На некои од возачите им бил еодземени возачките дозволи и привремено биле исклучени од сообраќајот.
На територијата на град Скопје само во сабота биле изречени вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65, потоа 24 за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 15 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 52 за непрописно паркирање.
На територијата на целата земја санкционирани се 368 возачи за брзо возење. Од нив, 44 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 148 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 220 надвор од населено место.