Вистински куршум: Bently Continental GT Supersport е најбрзиот четворосед на светот

ОБЈАВЕНО НА:

Забрзува до 100 км/ч за 3,5 секудни, што е за една десетинка побрзо од Ferrari GTC4 Luss. Со ова моделот Bentley Continental GT Supersport е „најбрзиот“ автомобил на светот со четири седишта. Така тврдат неговите производители. Максималната брзина што може да ја постигне е 336 км/ч.

Она што сите ќе ги интересира е кога ќе почне да се продава и која ќе му биде цената. Се шпекулира дека од април годинава моделот ќе биде во салоните, а најевтината верзија би требало да чини околу 212.500 фунти, а за Cabriolet верзијата ќе треба да се плати околу 233.800 фунти.

Освен во нормална изведба, Bentley ќе понуди и Cabriolet, иако тие перформанси ќе бидат „малку“ послаби – забрзување за 3,7 секунди и максимална брзина од 330 км/ч.

Ќе се вградува Би турбор шестцилиндричен W12 мотор кој може да испорача 710 КС и 1.017 Нм вртежен момент. Ќе оди заедно со осумстепен автоматски менувач со погон на сите четири тркала. Во однос на дополнителната опрема, листата вклучува и издувен систем од титаниум кој го подобрува звукот но и ја намалува тежината на возилото за 5 кг.

Однадвор се истакнуваат редизајнирани предни и задни браници од карбонски влакна, странични додатоци н апраговите, нова издувна цевка и заден спојлер. Има тркала со големина од 21 инча со димензии на гума 275/35 и карбонски-керамички сопирачки.

Во внатрешноста Bentley нуди три бои со дијамантски примероци на седиштата и на одлогите на вратат. Воланот и рачката на менувачот се облагородени со Алкантара детали. Луксузната внатрешност може да се индивидуализира и комбинира со бројни карбонски детали и богата комбинација на бои.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK