Yugo со 123 КС возеше на Нирбургринг (ВИДЕО)

Можеби не најмоќна, но сигурно една од најмоќните изведби на Yugo дело на вљубеник во овој автомобил извозе шест кругови на легендарната патека Нирбургринг.

Со мотор од 1.320 кубика и со 123 КС овој автомобил одлично се снајде на патеката, а како изгледаше возењето можете да погледнете на видеото погоре.

Инаку производството на овој легендарен модел започна на 2 јули 1977 година во фабриката на Застава во Крагујевац. Истиот овој модел се базира на Fiat 127 развиен и дизајниран од легендарниот Џорџето Џуџаро.

Најмоќната продукциска верзија била опремена со 1.3 литарски бензински мотор, а достапен бил со четири и пет брзинска трансмисија. Се до 11 ноември 2008 година произведени се вкупно 141.651 примерок на овој автомобил, а додека за едни е најужасниот автомобил во историјата, за други е вистинско совршенство.