(ВИДЕО): Влезе во „макази“ и леташе на автопат

Кога некој ќе каже дека летал на автопат се мисли дека возел (екстремно) брзо. Меѓутоа на YouTube се појави видео на кое може да се види како автомобил лета во буквална смисла на зборот.

Имено на автопат некаде во САД, возач на Kia Rio автомобил по приклучување на автопат сакајќи да помине помеѓу два автомобили се удри во црно Chevrolet Camaro по што полета неколку метри.

Сето тоа беше снимено од моторцикл кој успеа да го сними целиот настан благодарение на Go Pro камерата поставена на неговата кацига.

Американските медиуми наведуваат дека во сообраќајната несреќа за среќа немало тешко повредени.