Видео тизер за новиот Audi Q3

Уште од минатата година беше објавено дека германскиот производител Audi работи на новата генерација на Q3. Во пресрет на официјалната премиера, Audi на својот официјален YouTube канал објави тизер видео од новиот Q3.

Иако се уште нема официјална потврда околу техничките карактеристики на новиот модел, сепак се претпоставува дека овој модел ќе ги наследи моторите од последната генерација, а дополнително ќе биде воведен 1.5 литарски бензински мотор.

Инаку овој SUV е еден од најстарите во моменталната понуда на Audi. Првата генерација се појави во 2011 година, а од тогаш па се до денес беа претставени две генерации.