(Видео) Стар ама добар: VW Golf 3 со над милион километри вози „до даска“

Кога некој автомобил ќе мине неколку стотина илјади километри тогаш најчесто се мисли дека тој треба да се чува бидејќи веќе ја нема силата што ја имал кога излегол од фабричката лента. Но, тоа не важи за VW Golf 3.

Моделот е стар 26 години, произведен е 1995 година, има 1.9 литарски дизлески мотор кој развива 67 КС. И веројатно мислите дека тој не е вече „оној стар и добар Golf”. Напротив видеото покажува дека и во таква состојба Golf може без проблеми да „дигне“ максимални 170 км/ч.

А ако го видите од надвор секако ќе мислите дека „таа коцка“ и тој изглед можат само да бидат за „пензионерско возење“. Но, Golf 3 покажа дека е како виното – колку е постар, толку е подобар.