(ВИДЕО) Со воен транспортер и бегаше на полицијата

И кога ќе помислиме дека тоа го има само на холивудските филмови, на интернет веднаш се појавува видео снимка со кое се демантира нашата помисла. Имено во американската сојузна држава Вирџинија војник украде воен транспортер и со него и бегаше на полицијата.

Бројни полициски возила го бркаа овој војник кој бегајќи беше најпрво каснат од полициско куче, а потоа и совладан од полицијата. Во болницата во Вирџинија каде што и беше хоспитализиран по каснувањето било откриено дека војникот бил под дејство на опојни дроги со што може да се утврди причината за кражбата.

Иако нема информации за какви мерки ќе му бидат изречени, сепак повеќе од сигурно дека тој повеќе нема да биде војник, а ќе одговара и за нарушување на јавниот ред и мир за што може да добие затворска казна од неколку години.