(Видео): Може ли Porshe да вози на алкохол

Млад Американец од украинско потекло продолжува да прави жестоки експерименти со автомобили. Овој пат најпопуларниот водител на YouTube-каналот TechRax одлучи да види што ќе се случи ако во резервоарот на старо Porsche се стави шише виски.

Досега овој блогерот преферираше да врши експерименти над мобилни телефони, најчесто производство на Apple, но во последно време се насочи кон автомобили.

Тој веќе проба да види како функционира BMW 3-Series со кока кола во резервоарот, а потоа BMW Z3 со течен азот. Сега “жртва” е Porsche Boxter од 2003 година.

Возилото тргна, и застана… Штетата е 865 долари.