(ВИДЕО) Mini го оживува The Italian Job само во електрично издание

Се сеќавате ли на филмот The Italian Job односно италијанска работа од 2003 година? Во овој филм сниман во Венеција и неколку други градови во Италија, главната улога припаѓа на Марк Валбергер, Шарлиз Терон, Едвард Нортон, но и на Mini.

По нешто повеќе од 16 години, Mini се решава да ја врати италијанската работа, но не како филм, туку како реклама.

Најновата реклама која британскиот производител ја објави на својот YouTube канал претставува “оживување” на спомените од овој филм, а главната улога сега ја има електричната верзија на Mini.

И оваа реклама е снимена во Италија, а најголем дел од дејството се одвива во Торино како и на покривот на фабриката на Fiat, Лингото која исто се наоѓа во Торино.