(Видео): Лудост или потрага по адреналин: Со мотор „леташе“ по замрзнато езеро

Зима, студ, замрзнато езеро… Сето ова за некого е шанса за каскадерски потези, но и за задоволување на адреналинот. Вљубеник во моторите во БиХ направи навистина атрактивен потег кога реши да вози по замрзнатото Блидињско зеро, а за тоа дефинитивно треба многу храброст.

Термпературата во северниот дел од БиХ се спуштила и на -20 степени, а тоа беше шанса за авантура. Блидињско езеро не замрзнува првпат бидејќи тоа се случувало речиси секоја зима со коглед на тоа што се работи за планинско езеро.

Ниските температури го претвориле езерото во лизгалиште така што на него може без проблеми и да се лизга.

Како што може да се види на видеото подолу, еден вљубеник во моторите и заледените површини го зголемува адреналинот на сите коишто го гледаат. Мора да се признае дека за ваков потег треба навистина голема храброст, но и голема лудост.