(ВИДЕО) Како се произведува Porsche Taycan

Првиот целосно електричен автомобил на Porsche, моделот Taycan дефинитивно е знаменосецот на иднината на германскиот производител. Овој авомобил својата премиера ја имаше годинава, а пред само некоја недела започа и официјалното производство на моделот.

Оттука, во 30 минутно видео, Porsche го прикажа процесот на производство на овој автомобил.

Станува збор за видео снимено во местото Цуфенхаузен, во близина на Штутгарт каде и единствено се произведува овој автомобил. Во видеото накратко е прикажан целосниот производствен процес, од монтирање на каросериски делови, па се до нанесување на антикорозивна заштита, фарбање, монтирање на моторите и внатрешните елементи па се до излезот од фабрика.

Што се однесува до брзинските перформанси на самиот автомобил до 100 км/ч забрзува за помалку од 3,5 секунди благодарение на двата електрични мотори кои продуцираат повеќе од 600 КС. Максималната брзина која може да ја постигне овој автомобил изнесува 249 км/ч, а со едно полнење може да помине речиси 500 км.