(Видео) Како е да се вози Ferrari FF?

Во своето најново видео објавено на YouTube, AutoTopNL покажува како е да се вози Ferrari FF.

Во четири минутното видео, може да уживате во звукот и перформансите на овој модел, но и да погледнете како изгледа возењето на овој супер спортски автомобил од “очите” на возачот.

За љубопитните, овој модел италијанскиот производител го произведуваше во периодот од 2011 до 2016 година во Маранело, Италија. Дизајнот е дело на студиото Пининфарина, а за дизајнот се погрижи Флавио Манцони.

За звукот најзаслужен е 6.3 литарскиот V12 мотор кој продуцира максимални 650 КС.