(Видео) Јапонско чудовиште: За помалку од две секунди до 100 км/ч.

Јапонската компанија Aspark има хиперавтомобил, кој може да забрза до 100 километри на час за помалку од две секунди. Автомобилот Owl може да достигне до 100 км/ч за 1,921 секунда, а тоа го направи на тест полигонот во пределот Тотиги.

Owl е целосно електричен автомобили, а постигнувањето сериозно ги подобри најдобрите времиња до овој момент коишто ги имаше електромобилот Nio EP9, кој имаше постигнато рекорд на „Нирбургринг“. Најдоброто време кое беше постигнато од овој автомобил беше 2,7 секунди, а моќноста која што ја има е 1360 коњски сили.

Хипермобилот Owl дебитираше минатата година во Франкфурт, а проектот се работеше активно уште од 2014 година.

Се работи за електромобил висок едвај 99 сантиметри, а е движен од два електромотори со моќност од над 1000 коњски сили. Тежината е 850 килограми.

Во Франкфурт беше покажан прототип со едвај 435 коњски сили, кои исто така биле добиени од два електромотори и максимален вртежен момент од 764 Nm.