(ВИДЕО): Инцидент со 14 возила на Нирбургринг

Популарниот Нирбургринг секогаш бил предизвик за возачите, но и најчесто на оваа патека се случуваат инциденти без разлика дали се работи за судир меѓу повеќе возила или за излетување само на еден автомобил.

Ситуацијата која може да се види на снимката е доста ретка. Еден од возачите кој забележа инцидент пред него одлучи да се паркира на страна и тоа пред самата кривина, а потоа се обиде да ги предупреди другите возачи.

Иако неговата намера беше добра очигледно кај другите возачи делуваше лошо бидејќи предизвика панични реакции и беше причина за низа на инциденти во кои учествуваа дури 14 возачи.

Видеото се прошири на интернет со голема брзина и е доста популарно во моментов.