(ВИДЕО) Focus ST – до стотка за 5,7 секунди

Уште при премиерата на основниот Ford Focus прашање на време беше кога ќе биде претставена и спортската, ST изведба од овој модел.

По само неколку месеци, Ford на својот официјален YоuTube канал објави едноминутно видео токму од оваа спортска изведба.

Според објавените информации, под хаубата овој автомобил располага со 2.3 литарски турбобензински мотор со четири цилиндра кој развива 240 КС и 420 Nm. Погонот е на предните тркала, а доаѓа во комбинација со шест степен мануелен и седум степен автоматски менувач. Покрај бензински, во понудата ќе биде достапен и дизелски мотор кој ќе продуцира 190 КС.

Како конкурент на Audi RS3, оваа фокусова изведба премиерно ќе биде претставена следната година на саемот за автомобили во Женева.