Невнимание, или незнаење: Сакаше само да погледне внатре, но… (ВИДЕО)

Серијалот “Згоди и незгоди во салони” станува побогат за уште еден несекојдневен настан.

По бројните незгоди во САД и Кина сега и Индија влегува со свој претставник, а главната актерка е жена на средна возраст додека местото на настанот е продажно-изложбен салот на Hyundai во Манди, Индија.

Како што може да се види од видеото прикажано во продолжение, жената влегува во автомобилот Hyundai i20 Active со цел да ја види внатрешноста. При тоа го стартува возилото и најверојатно од невнимание притиснала на педалата за гас по што возилото излетало од продажниот салон.

Според локалните медиуми, во овој настан причинета е штета од околу 400 илјади индиски рупи или околу 5,600 американски долари.