Кога сакаш да се кочопериш, а незнаеш… Завршуваш вака (Видео)

Од фраер до идиот на денот линијата е тенка. Всушност многу потенка отколку што може да се замисли.

Таа линија ја помина еден учесник на собир во Парамус, Њу Џерси. Тој со своето Porsche 911 се здрви во банкина веднаш откако се приклучи на главниот пат. На видеото се гледа како чекајќи да се приклучи тој најверојатно исклучува некој од системите за пролизгување и стабилизација, па по додавањето на туража веднаш заврши во банкината.

Видеото од настанот може да го погледнете во продолжение.

А додека тој се кочопереше и се подготвуваше да изведе нешто „интересно“ неговите пријатели снимија момент што не му се допадна.