Каде тука пријателе? (ВИДЕО)

Возењето низ Италија е повеќе од задоволство особено доколку се вози покрај западниот брег. Но истовремено, возењето низ италијанските градови може да биде повеќе од стресно.

Тоа најдобро го знае неименуван сопственик на ретката Ferrari Roma кој заглави на тесните улички во еден италијански град. Со широчина од 1.974 мм овој автомобил, но и многу други не се идеални за местото каде што овој возач се обиде да помине.

Од видеото кое е прикажано во продолжение не може да се види исходот т.е. дали успева да помине, но нејасно е како возачот е упорен ако може да се примети дека на само неколку метри пред него има уште потесен премин.

Едно е сигурно, после ова ќе мора да посети лимарска работилница.

Колку тоа ќе го чини? Па ако има пари да вози Ferrari, и да влезе во ваква уличка, ќе има и за поправка.