На интернет се појави интересно видео на кое е прикажана 53 годишната еволуција на легендарниот модел Charger на Dodge.
Во нешто повеќе од четири минути, прикажани се сите генерации и фејслифт изведби од овој модел посветувајќи при тоа акцент на моќноста, максималната брзина и неколку дополнителни карактеристики на моделот.
Видеото започнува со првиот Charger од 1966 година кој располагал со 425 КС па преку неколку легендарни модели доаѓа до најновата изведба од тековната година со назнака SRT Hellcat која воедно е и најмоќна располагајќи со 2.4 литарски мотор со 707 КС.