Kia го претстави електричниот EV9 во форма на концепт во ноември 2021 година на саемот за автомобили во Лос Анџелес, а ова е неговата сериска верзија сега е пред нас. Дигиталната премиера на моделот е предвидена за крајот на март.
Во зависност од верзијата, досегот со едно полнење на батеријата според претходните најави ќе биде од 354 до 467 километри.
EV9 ќе биде и најголемиот електричен SUV модел во нивната гама. Името EV9 потекнува од номенклатурата на електрични возила на Kia, која го комбинира префиксот „EV“ (електрично возило) со бројот „9“, што го претставува моделскиот сегмент во палетата на електрични модели на Kia.