Зошто Volvo автомобилите се најбезбедни? Одговорот е во екипата за истражување на несреќи

ОБЈАВЕНО НА:

Со децении Volvo автомобилите важат за најбезбедните автомобили во Светот. Доказ за тоа се бројните признание кои ги доби шведскиот производител како и истражувањата кои го докажуваат тоа.

Но што се крие зад успешноста на оваа приказна? Одговорот е екипата за истражување на несреќи. Токму оваа екипа прославува 50 години од формирањето.

Нивната задача е да прават детални истражувања на сообраќајните незгоди во кои учествуваат Volvo автомобилите, а целта е, од истите да се донесат бројни заклучоци кои потоа ќе бидат искористиени во процесот на подобрување на безбедноста на Volvo автомобилите. Екипата е активна уште од 1970 година, а првата несреќа која ја истражувале била во околината на Геборг.

Без разлика дали е ден или ноќ, лето или зима, работен или неработен ден, оваа екипа е 24/7 достапна и работи во секакви услови.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK