ЗНАЕТЕ ЛИ: Најмногу сообраќајни незгоди се случуваат дење

ОБЈАВЕНО НА:

Најмногу сообраќајни незгоди во Македонија се случуваат во дневни услови, покажуваат податоците на Државниот Завод за статистика.

Последно достапните податоци од 2018 години покажуваат дека во дневни услови се случиле 2.276 сообрќаајни незгоди, а во нив со повреди се здобиле 3.403 лица, а 77 лица загинале.

Во ноќни услови пак, се случиле 1.242 сообраќајни незгоди во кои животот го загубиле 41 лице, а 2.064 биле повредени.

Во однос на видот на патот односно локацијата, најголем дел од сообраќајните незгоди или 2.407 се случиле во населено место, 306 на автопатишта и 1.027 надвор од населено место односно локални патишта.

Според коловозот, 3.157 од сообраќајните незгоди се случиле на сув коловоз, додека 583 на влажен и лизгав.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK