ЗНАЕТЕ ли каде се и колку автомобилски фабрики има во Европа?

ОБЈАВЕНО НА:

Асоцијацијата на автомобилските производители во Европа (ACEA) ги ажурираше податоците за бројот на производствените капацитети за возила (автомобили, комби, камиони и автобуси) и мотори на територијата на континентот и според нив општиот број е 298, а на оние во земјите од Европскиот сојуз е 196.

Ажурираните податоци на ACEA покажуваат дека во Европа има 142 фабрики за производство на лесни автомобили, 38 леснотоварни возила, 58 тешко товарни, 58 за автобуси и 71 за склопување на погонски единици.

Членовите на асоцијацијата (BMW Group, CNH Industrial, DAF Trucks, Daimler, Ferrari, Fiat Chrysler Automobiles, Ford of Europe, Hyundai Motor Europe, Jaguar Land Rover, PSA Group, Renault Group, Toyota Motor Europe, Volkswagen Group, Volvo Cars и Volvo Group) се присутни со производствените капацитети во 21 европска држава, но до почетокот на оваа недела поголемиот дел од нив не функционираа, што доведе до намалено со над 2,3 милиони единици производство.

Податоците на ACEA покажуваат дека најмногу фабрики за автомобили има Германија (25), на второ место е Велика Британија со 19, на 3. позиција е Русија со 16, а потоа следуваат Франција, Италија и Шпанија со 13, 11 и 9 објекти.

Најмногу производствени објекти за леснотоварни комби возила има во Турција и тоа седум, за камиони во Русија (8), за автобуси исто така во Русија (6), додека за мотори во Германија (12).

Општо гледано, најмногу автомобилски производствени објекти (транспортни средства и мотори) има во Германија (42), а потоа се редат Франција и Русија со по 31 објект, Велика Британија со 30 и Италија со 23.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK