Значително ќе се намали производството на Ford Focus

ОБЈАВЕНО НА:

Иако Ford Focus не ги достигна продажните нивоа на Volkswagen Golf во Европа, тој имаше неколку одлични години од комерцијална гледна точка. За жал, 2022 година не е една од нив, при што побарувачката од јануари до мај опадна за 28,3% на 27.151 единица, според DataForce.

Германската фабрика во Сарлуис, каде што се произведува овој автомобил, веќе има вишок на персонал и веројатно би можело да дојде до ново намалување на производството. Магазинот Automobilwoche го цитира шефот на работниот совет Маркус Тал, кој вели дека работата во германската фабрика значително ќе се намали по 29 август.

Инвестициите на Ford се насочени кон електрификација. Така, бенефит ќе имаат погоните како оној во Келн или оној во Крајова, Романија, од кои ќе се произведуваат 100% електрични автомобили за европските пазари.

Automobilwoche известува дека иднината на фабриката за склопување во Сарлуис ќе биде решена пред крајот на месецот. Според корпоративната веб-страница на Ford, оваа фабрика, основана во 1970 година, моментално вработува 6.190 луѓе за склопување на Focus, вклучувајќи ја и верзијата ST со високи перформанси.

Долгото време на испорака предизвикано од недостигот на делови во снабдувањето во голема мера влијаеше на продажбата. На пример, мултимедијалната опрема SYNC 4 доаѓа од Украина, сега уништена од војна.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK