Жените одбраа – ова се најдобрите автомобили за 2022

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај традиционалните избори на „Автомобил на годината“ каде во жиријата најмногу членуваат мажи, во изборот на „Женски светски автомобил на годината“ главни се припадничките од понежниот пол. Тие веќе 12 години го избораат автомобилот кој ја добива оваа награда. Учествуваа 56 новинарки од 40 земји и пет континенти.

Жирито ги објави имињата на победниците во различни категории на трката во нејзиното издание за 2022 година. Од овие финалисти подоцна ќе биде избран и најдобриот, а ова е само увертира кон тој избор. Во изборот учествуваа 56 возила во различни категории, и има шест различни категории.

Жирито сподели дека шесте наградени автомобили го демонстрираат најдоброто во нивните сегменти во однос на безбедноста, управувањето, удобноста, технологијата, дизајнот, ефикасноста и вредноста за парите.

Победници по категории:
„Градски автомобил на годината за 2022 година“ – Peugeot 308
„ Семеен СУВ“ – Kia Sportage
„Голем автомобили“ – Ford Mustang Mach-E
„Голем SUV“ – BMW. iX.
„Спортски автомобил“ – Audi e-Tron GT
„4х4 возило“ – Jeep Wrangler 4xe.

Следниот чекор на изборот за најдобар женски автомобил на годината за 2022 година ќе биде да се одреди главниот победник меѓу победниците во шесте категории и да се објави неговото име на 8 март.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK