Жена возач преживеа пет дена во превртен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Една жена која се преврте со својот автомобил и целосно го искрши успеа да издржи долго додека некој да ја забележи и да повика помош. Несреќата се случила во Градот Дотан во државата Алабама, а автомобилот на Робин Фанчер бил забележан сосема од случаен минувач.

Семејството на Робин дало сигнал за нејзиното исчезнување откако кажала дека оди во пошта, а пет дена не се појавила.

Според полицијата превртеното Mitsubishi не се гледало од патот, а самото место било обраснато со бујна вегетација.

За да биде извадена жената било потребно да се вмешаат неколку групи за итни интервенции, кои се мачеле неколку часа за да ја ослободат од стапицата.

Локалните медиуми информираат дека Робин била свесна додека спасувачите го пресекувале лимот на искршеното возило.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK