Земја во живеат над 13 милиони жители, а годишно се продаваат по стотина нови возила

ОБЈАВЕНО НА:

Чад е земја која е лоцирана во северниот дел на Централна Африка. Граничи со Либија, Судан, Централна Африканска Република, Камерун, Нигерија и Нигер и претставува една од поголемите земји на овој континент.

Според последниот попис во оваа земја живеат 13.670.084 жители односно само по 8,6 жители на еден километар квадратен.

И покрај големиот број на жители, оваа земја важи за една од земјите со најмала продажба на нови автомобили. Во однос на продажбата по глава на жител е во последните пет земји.

Според последните податоци, минатата година во оваа земја се продадени само 132 нови автомобили што е за 12 автомобили помалку во однос на 2018 година. Во 2011 година во земјата се продадени само 60 нови автомобили, а во последните 15 години најмногу се продадени во 2015, дури 683 нови автомобили.

Причината за оваа лоша продажба произлегува од еконосмката неразвиеност. Економските показатели покажувааат дека БДП по глава на жител изнесува 890 американски долари што ја прави оваа земја 151 во светот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK