Завршува производството на Amarok во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen објави дека во мај завршува производството на моделот Amarok во Европа кој во моментов се произведува во фабриката во близина на германскиот град Хановер.

Причината за оваа одлука на Volkswagen произлегува од строгите еколошки правила кои се проблем за продажбата на овој модел на “Стариот континент”. Тоа не значи дека во Европа нема да се продава овој модел. Напротив, тој и натаму ќе биде достапен, но само со 3,0 литарски TDI V6 мотор.

За потсетување, овој модел беше претставен во 2008 годна, а година подоцна започна и сериското производство. Ширум светот е достапен со три мотори и тоа бензински 2,0 литарски како и 2,0 литарски TDI и 3,0 литарски TDI V6 мотор.

Производството на овој модел во сите верзии, ќе продолжи во Аргентина како и во Алжир.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK