Zastava се уште живее – почнува производството на ново теренско возило (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Zastava се уште е жива. Можеби не како што повеќето ја познаваат, но духот на најпопуларниот производител во Југославија сеуште живее во Zastava TERVO.

Станува збор за компанија која е наследник на некогашната Zastava Terenska Vozila, а која беше реоснована на 1 септември 2017 година.

Овој производител кој е во целосна сопственост на Владата на Република Србија претстави нов концепт кој годинава влегува во сериско производство. Станува збор за теренско полу-оклопно возило M-20 MRAP 6X6 кое е наменето за воени цели.

Премиерата на ова возило беше направена, а при тоа беа прикажани и теренските способноси кои пак беа објавени од страна на српското Министерство за одбрана.

“Сериското производство на ова теренско возило ќе отвори нови работни места. Фабриката веќе вработува 100 работници, а уште во првиот квартал оваа година ќе бидат потребни уште 50 металски работници, бравари, механичари, лимар, фарбари” изјави директорот на компанијата Зоран Аџиќ.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK