Започна производството на Seat Tarraco

ОБЈАВЕНО НА:

Во фабриката на Volkswagen во германскиот град Волфсбург започна со производство најновиот модел, а воедно и најголем SUV во понудата на Seat, моделот Tarraco.

Моделот Tarraco саемската премиера ја имаше во Париз, а покрај тоа што е најголемиот модел во понудата на шпанскиот производител, тој е еден од адутите на Volkswagen во сегментот на големи SUV возила каде заедно со Skoda Kodiaq ќе бидат ценовна алтернатива на моделите на Audi и Volkswagen.

Tarraco доаѓа во продажба доаѓа кон крајот на оваа и почетокот на јануари следната година, а во понудата најпрво ќе биде достапен со 2.0 литарски бензински мотор со 190 КС и 400 Nm како и со послеб 1.5 литарски бензински мотор со 150 КС. При тоа овие два мотори се достапни со автоматски DSG менувач. Исто така во понудата ќе биде достапен со погон на две и четири точки.

Иако нема официјални информации, сепак почетната цена во Западна Европа ќе изнесува околу 30 илјади евра. Повеќе за овој модел прочитајте ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK